Водич за Денот на љубовта

Се разбира дека секој ден е ден на вљубените или на љубовта (во целата нејзина широка смисла). Но, секој февруари посветувам посебно многу внимание и производи за поводот, па така и овој. Во прилог ви подготвив еден практичен водич кон сите производи со мотиви на љубов! Беше тешко да се одбере, бидејќи веќе знаете дека повеќето мои производи се со таков мотив, секако, неограничени само на романтична љубов- туку на многуте нејзини форми. Но, се надевам дека овој водич ќе ве инспирира и ќе ви се најде кога ќе сакате да подарите на блиските нешто изработено со истото внимание и љубов кои ги чувствувате кон нив. <3

Во продавницата на сајтот има и посебен дел, наречен Љубовни производи, па тука ќе можете да ги најдете повеќето производи кои ќе ги има и во овој водич, но сепак, придружете ми се на оваа прошетка. (:

Ќе започнам со најновите илустрации кои ги имам додадено во продавницата. Се наоѓаат во делот за хартиени производи достапни во А6, А5 и А4 димензија и за сите нив има соодветни рамки.
Дали помисливте дека ќе ја прескокнам љубовта кон самите себе? Се разбира дека одговорот е НЕ! (: Како може да се запостави оваа важна, и веројатно централна форма на љубов? Во галеријата погоре ќе ги најдете и овие две илустрации во различни димензии.
Никако не можам да ја изоставам и оваа илустрација, која е веројатно една од најбараните и најчесто печатените картички! (:
„Животот е посладок со тебе“
И да, има и таква чашка!
Всушност, може да ги разгледате и сите останати илустрирани чаши и да пронајдете некоја која најмногу ве потсетува на некој драг.
Оваа година за прв пат направив сет од две чаши. Забележувате ли како рачињата на човечињата формираат срце кога ќе се доближат? (:
Кој ја прави вашата среќа целосна?
Дали некој ги памети Моки љубовните ваучери/купони од пред четири години? Оваа година имаат поинаков изглед, но нивната функција е иста. Зошто би подариле некому ваучери? Зашто е забавно и слатко! (: Затоа што ќе им подарите внимание, ќе им направите некаква услуга и ќе ги израдувате. Освен тоа, може да ги чувате за секој нареден пат кога ќе посакате да ги искористите (било кој од вас <3 ).
Сет од шест љубовни ваучери.
Коверти… дали е возможно да ги заборавиме? Се разбира дека не е возможно! Па, ковертите се едни од клучните Моки производи и едни од првите изработени <3. Овој пат подготвив две нови пликоа: со мечиња и со срциња.
Дали знаевте дека во Моки има и привезоци? И тоа рачно изработени, меки, слатки, сентиментални привезоци кои можат да бидат верен сопатник на оние кои ќе ги добијат на подарок.
Сите производи доаѓаат соодветно и внимателно спакувани. Сепак, морав да вклучам фотографија од пакувањето на привезоците, бидејќи ми е исклучително слатко. (:
Ова на фотографијата е привезокот пиле. <3
Често ме прашуваат дали во Моки има машки производи. Јас ретко размислувам на оваа тема затоа што во мојата глава сите производи се универзални! (: Сепак, ако треба да одвојам некој практичен подарок што би можеле да го подарите на вашиот партнер, тогаш тоа нека биде овој несесер.
И секако… некој од овие најмеки дуксери со илустрација. Дуксерите се во навистина прекрасни бои и имаат 3 вида илустрации.
Овие мали памучни торбички со порака можат да бидат подарок, или придружба на подарок, како сакате. Што може да ставите во нив? Можеби омилените чоколатца на личноста, или убави камчиња од вашето заедничко патување, или картите што ги зачувавте кога првпат бевте заедно на филм, можеби неколку мали фотографии или едноставно – искрено напишана порака. Вакви торбички и многу повеќе може да најдете овде.
Перниче е совршено практичен и декоративен подарок. Изберете ја најдрагата илустрација и омилената боја.
Со сигурност никогаш нема да погрешите доколку некому подарите торба со слатка илустрација.
Никогаш, никогаш доволно стикери <3

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Shopping Cart
Scroll to Top