Август беше добар кон мене. Не се случи ништо спектакуларно, но имаше многу убави неспектакуларни денови. (: Луѓе што ги сакам, активности што ги сакам, подготовки за годишното време што го сакам, привршување проекти, започнување нови. Убав, исполнет месец и фино заокружување на летото.
В. беше во продавница и после дојдовме кај мене на долг муабет. Фотографијава не е многу естетична, но е реална и ме потсетува на убаво поминато време. (:С. ми дојде на гости во Моки и ме израдува со……со овој прекрасен букет сончогледи. Се стопив!Конечно продавницата е разубавена и од надвор! Внатре исто така завршија сите поправки и сум навистина среќна како изгледа. Една винтиџ убавина која си ја купив само за мене. <3Ретко се случува, ама на периоди многу ми се пријадуваат пржени кришки. (: Обично едната сакам да биде со некаков мармалад, ама еве ова утро сакав соленко! (:Само некои неделни активности, ништо посебно. (: Како средување зачини…Како спростирање алишта…Како грижење за растенијата…Цртање со некаков смирувачки влог во позадинаОваа голема маса е една од неколкуте промени во продавницата. Мнооогу ми требаше поголем простор за работа и за пакување нарачки и конечно го имам!Многу нови кутии!Многу пакетчиња за дечињаИии…дојде време за Битола!Најслаткото нешто што сум го прочитала во последно времеСама ја декорира новата кујнаСе договоривме дека ќе правиме компромис и ќе гледаме филмови што едниот ќе ги препорача, а другиот најверојатно сам никогаш не би си ги пуштил. Се прашувам чиј избор беше When Harry Met Sally, хмммм…Проектор за подобро гледачко искуство (:Во нашето омилено кафанче, на летен дожд. УбавоооЗошто едно големо светло кога може десет мали? (:Како привршуваше месецот – така моите идеи за есенски производи се зголемуваа, а и мојата еуфорија за ЕСЕН!Цртање, цртање, цртање, нешто за гледање, нешто за читање и долги прошетки за заокружување на мојот август.