Мора да признам, февруари беше многу тежок. Одамна не сум имала месец со толку предизвици и одамна не сум била толку многу тажна во ред од неколку дена. Беше вистинска емотивна бура. Тие моменти ќе ги задржам за себе, надевајќи се длабоко дека и од нив има нешто да се извлече или научи, а останатите моменти, кои некако ги овековечив, ќе ги споделам во оваа објава.
6 thoughts on “Февруари во слики и зборови (Денови преку мојот мобилен)”
Mime
Фала ти Мони.Февруари беше претежок и за мене и многу ме утеши твојот блог.Пишувај и сликај почесто.
Прекрасно. Ти благодарам што ги сподели овие убави и нежни февруарски моменти со нас. Кое од кое послатко.
Се поистоветувам со многу работи, но најмногу со емотивната бура; имам полн куфер емоции, кој во мене тежнее повеќе од два месеци. Сепак ме доведе до состојба на поголема свесност и будност, и покрај сега тага да ги заприметувам и најмалите нешта како првите качунки, црцори, новите лисја на монстерата и пилеата, тишината, топлината од чајот, мирисите, текстурите, боите.. Се надевам дека Март ќе ти донесе бран свежина и преродба, и многу спокој и сила да се носиш со било каква емотивна бура.
Серијата Мачос Алфа е одлична, а следна ќе ја спремам Heartstopper за гледање. Убави прекривки и постелнини со живописни дезени ми се слабост и мене. Ги имам цветните, а ја меркав коцкестата и сега кога гледам колку убаво стои, мислам дека ќе попуштам и ќе ја купам 🙂
Едвај чекав да најдам малку време во денот да одговорам на оваа прекрасна порака. <3 Фала ти од срце, ми го разубаве денот. И јас ти посакувам тебе полесни денови што побрзо, сигурна сум дека ќе дојдат. Во тешки моменти, овие мали детали и тоа како значат и се вредни да бидат забележани. Да, многу ти ја препорачувам серијата! Апсолутно топење е. Кога ги гледам цветните дезени некако и јас се радувам за пролетта, навистина се убави. 🙂
И вау, фала најмногу на листата со линкови! Од тука ја знаев само Cloudy hills (ја обожавам). Обавезно ќе го проверам и останатото некое убаво, слободно попладне со кафе или чајче.
Прегратка!
Периодов имам настинка ама вакви објави ме тераат да останам здрава, а не да се разболам. Ти благодарам за пријатните моменти исполнети со естетика, меко небо и нежна енергија во овие неколку минути додека скролав низ нив. 🙂
Сакам да прашам каде можам да си најдам вакво зелено пријателче? 😊
Ти благодарам на тебе што читаше и многу ми е мило што некако ти помогнало, барем за момент.
Ти посакувам брзо заздравување! <3
Инаку, монстерата ја купив од цвеќарата Happy Plant, тука се во Козле, но јас нарачав и онлајн, ги има на социјалните мрежи.
Те поздравувам многу.

Фала ти тебе што прочита! Се надевам дека набрзо ќе помине сѐ што те мачи.

Еве неколку топли препораки од мене:
https://www.youtube.com/@nao.
https://www.youtube.com/@kuro.hokkaido
https://www.youtube.com/@FairylandCottage
https://www.youtube.com/watch?v=zixwnhiOnxs
https://www.youtube.com/watch?v=C5ozGHIK03A
Едвај чекав да најдам малку време во денот да одговорам на оваа прекрасна порака. <3 Фала ти од срце, ми го разубаве денот. И јас ти посакувам тебе полесни денови што побрзо, сигурна сум дека ќе дојдат. Во тешки моменти, овие мали детали и тоа како значат и се вредни да бидат забележани. Да, многу ти ја препорачувам серијата! Апсолутно топење е. Кога ги гледам цветните дезени некако и јас се радувам за пролетта, навистина се убави. 🙂
И вау, фала најмногу на листата со линкови! Од тука ја знаев само Cloudy hills (ја обожавам). Обавезно ќе го проверам и останатото некое убаво, слободно попладне со кафе или чајче.
Прегратка!
Прекрасно 🥺