Планер 2027
800,00 ден
Пристигна и Моки планерот за 2027ма! 🐦
Како и секоја година, тој е создаден со мисла да ви биде тивок придружник низ годината, а не извор на притисок. Планерот не бара од вас невозможни амбиции, ниту ве оптоварува со мотивациски пораки или строги секции што мора да се исполнат. Неговата цел е да ви служи со едноставност, простор и спокој, оставајќи ви слобода самите да си ја оформите годината онака како што вам ви одговара.
📔Планерот е во A5 формат (21 x 14.8см), со цврста корица од 300 грамска хартија.
✏️Има илустрација пред секој месец, секоја со различна птица. 🦅
🗓️Месеците се поделени по недели (план за неделата). На истата страница има полиња со мал простор за:
• приоритети
• потсетник
• план за наредната недела
• белешки
По секоја недела следи цела страница за дополнителни белешки.
🔎На крајот на планерот има посебна секција „Да не заборавам“, која содржи:
• список за книги што сакате да ги прочитате
• филмови и серии што сакате да ги изгледате
• музика што сакате да ја преслушате
• рецепти што сакате да ги пробате
• една празна страница за ваши лични потреби
🦆Вклучено е и пакетче со 12 стикери со илустрациите од планерот.












