📖Секој љубител на книги го знае тој момент: ја вртите страницата и некоја реченица како да му зборува точно на вашето срце. Сакате веднаш да ја потцртате, да ја запишете на ливче, да ја задржите магијата уште малку.
И колку пати ни се случил моментот ненадејно да се инспирираме на прошетка, а да немаме пенкалце за да ја запишеме мислата што не сакаме да ни избега во тефтерот?🌳
Поради тие мали моменти на инспирација, сега ја имате оваа мини футрола за молив или пенкало. рачно е изработена од остатоци од материјали од МОКИ чантите, а секое цветче е внимателно извезено со рака.🪡🧵
На задната страна има ластик, кој лесно се оптегнува на тефтер, книга или планер, па моливчето секогаш е таму, подготвено да ја забележи секоја мала и голема мисла пред да побегне. освен тоа, може да служи и како обележувач за страниците.📑





