Едни од моите најдраги спомени за оформување другарства се од основно, кога си остававме под клупите писменца или кратки пораки едни за други, најчесто на голем одмор, за подоцна да ги најдат оние кои сме им ги посветиле и да се изненадат. ✉️💌 Уште еден таков спомен ми е поврзан со едно уште поносталгично време кога бевме деца и собиравме детска пошта. Кога ќе се сетам со какво внимание се разменуваа ливчињата, пликоата, миризливите хартии, се восхитувам на тоа како сме ги чувале тие нешта како да се нешто драгоцено.
📮Всушност, многу од моите спомени се поврзани со пишување и разменување на зборови и писменца. Уште сакам да пишувам честитки и писма, и сакам секогаш да изгледаат убаво. Можеби затоа толку сакам да правам изработки од хартија, со надеж дека тој интимен ритуал ќе биде задржан и понатаму и ќе стане нечиј друг спомен.✨
Затоа го направив овој сет за допишување и се надевам дека ќе биде само еден од многуте што ќе следуваат понатаму.