Планер за 2026

800,00 ден

Моки годишен планер за 2026та година – дизајниран да биде тивок и ненаметлив придружник низ годината. Ви нуди едноставност, простор и спокој, без притисок и строги задачи.

Што добивате:

  • A5 планер со 300гр. цврста хамер-хартија

  • Месечни винтиџ илустрации со десерти

  • Неделни распореди со полиња за приоритети, потсетници, план за следна недела и белешки

  • Дополнителни страници за белешки по секоја недела

  • Секција „Да не заборавам“ (книги, филмови/серии, музика, рецепти + празна страница)

  • Пакетче од 12 водоотпорни стикери (3 см)

  • Убаво украсно пакување

*Сите производи се со авторски илустрации, заштитени со право на фирмата Работилница за рачни изработки – МОКИРепродуцирање или реупотреба без согласност е строго забрането.

 

- +

Пристигна и Моки планерот за 2026та!🌟
Како и секоја година, тој е создаден со мисла да ви биде тивок придружник низ годината, а не извор на притисок. Планерот не бара од вас невозможни амбиции, ниту ве оптоварува со мотивациски пораки или строги секции што мора да се исполнат. Наместо тоа, нежно ве потсетува на важните моменти, вашето темпо и вашата автентична секојдневност. Неговата цел е да ви служи со едноставност, простор и спокој, оставајќи ви слобода самите да си ја оформите годината онака како што вам ви одговара.

📔Планерот е во A5 формат (21 x 14.8см), со цврста корица од 300 гр. хамер хартија.
✏️Има илустрација пред секој месец, секоја со различен десерт во винтиџ чинија.🧁

🗓️Месеците се поделени по недели (план за неделата). На истата страница има полиња со мал простор за:
• приоритети
• потсетник
• план за наредната недела
• белешки
По секоја недела следи цела страница за дополнителни белешки.
🔎На крајот на планерот има посебна секција „Да не заборавам“, која содржи:
• список за книги што сакате да ги прочитате
• филмови и серии што сакате да ги изгледате
• музика што сакате да ја преслушате
• рецепти што сакате да ги пробате
• една празна страница за ваши лични потреби

💫Вклучено е и пакетче со 12 стикери со илустрациите од планерот. Стикерите се 3 см, водоотпорни и со заштитна фолија.
Сето тоа доаѓа внимателно спакувано во украсна хартија.

Промислено дизајниран за да ви служи без притисок, планерот нуди јасност, ред и простор, токму онолку колку што ви е потребно.🤎

Shopping Cart
Scroll to Top