Мала радост

80,00 ден

А6 картичка (10.5см х 14.8см) испечатена на 300 гр. хартија
Оригинална илустрација
Задната страна има доволно место за сите ваши зборови
Предлог: Комбинирајте ја со рачно изработен МОКИ коверт

- +

Светот често е многу тажно и осамено место. Но целиот свет понекогаш е премногу голема перспектива за едно човечко срце.🫂

Во тие моменти, можеме да се обидеме да се фокусираме на нашиот непосреден свет: луѓето што ни значат, дневните ритуали, или дури и само да ги забележиме секојдневните работи околу нас, кои сме навикнале да ги гледаме како да се најобични.🍂

Ова нема да ги избрише поголемите проблеми, но ќе создаде круг на смисла кога се чувствуваме како да се губиме.🧡

Во тие моменти можеме да се запрашаме: „Што можам да создадам денес што ќе потсети и некого друг дека нежноста е возможна?“ Можеби тоа е само една испратена картичка со убави желби и потсетници за малите радости. Никогаш не знаеме колку на некого може да му се најде.🌻

Shopping Cart
Scroll to Top