Седма зима по ред, Моки го создава својот препознатлив календар кој стана мала традиција во многу домови.🥹🤎
Планерот е во А5 формат (14.8 × 21см), поставен на стабилна основа за на биро и изработен од 300гр мат цврста хартија, што му дава убава текстура и издржливост.🗓️
Секој месец е јасно и прегледно распореден, со доволно простор за белешки и дневни задачи, а во аголот ве чека мала Моки илустрација нацртана годинава, како најважен детаљ без кој календарот не може да се замисли.⭐️
Се надевам дека и оваа година вашите квадратчиња ќе бидат исполнети со потсетници за дружби, патувања и незаборавни моменти!💫








