Како да нарачам Моки производ?

Моки има физички простор – продавница што се наоѓа во населбата Козле, поточно на улица Козле број 26 а. Продавницата нема фиксно работно време и отвора по ваша потреба откако претходно ќе се договориме на бројот 078/486-953. Секоја сабота во продавницата има отворен ден од 11:00 до 14:00 часот и во тој временски период може да дојдете на пазарување или на разгледување на просторот.

Производ може да нарачате и на Инстаграм профилот _moooki пишувајќи порака. Резервираниот производ може да го преземете од продавницата во рок од 2-3 работни денови. Производот може и да се прати по курирска служба до вашата адреса. Имајте предвид дека доколку нарачате производ со достава, тој ќе биде пратен во наредните два дена, затоа ве молам во тој период бидете достапни на телефоните и очекувајте да ве побара доставувачот.

Се разбира, може да нарачате производи и преку оваа страна. Само одете во делот продавница, ставете ги посакуваните производи во корпата за пазарење, внесете ги вашите податоци и очекувајте мејл за потврда на нарачката. Производот ќе стигне до вашата адреса во наредните денови по курирска служба и плаќањето се одвива тогаш. Во цената е пресметана и доставата од 120 денари.

Среќно пазарување и благодарам на вашата постојана поддршка!

Прегратка,
М.

Shopping Cart
Scroll to Top