Attention without feeling…is only a report. (Mary Oliver)
Вниманието без чувства...е само извештај. (Мери Оливер)
Јас сум Моника и сакам да раскажувам. Сакам да раскажувам преку зборови, преку фотографии, видеа, преку цртежи и форми.
Интересно е како низ годините се протегаш, растеш и излегуваш од кругот околу себе, и го збогатуваш својот свет со прашања, интереси и други светови. Тоа е една од најважните работи, според мене, да се има еластични срце и ум, да се пробуваат нови нешта и да не сме посебно добри во нив. Уште поинтересно е како после долгите прошетки и собирањето по пат нови активности, некако повторно се враќаш во центарот на кругот (иако овој пат зголемен, проширен круг). За мене тоа секогаш е љубовта кон фотографирањето, снимањето видеа, пишувањето, водењето блог, цртањето. Сите тие нешта за мене се лековити и неопходни.
Отсекогаш сакав простор каде што ќе може да се ѕирне преку моите очи и доживувања во моето секојдневие, кое е, најкратко кажано – прилично едноставно. Но јас го сакам баш такво. Исполнето со ситни моменти во кои се трудам да бидам колку што можам присутна. За моја супер-сила ја доживувам способноста да набљудувам и се разбира, поврзано, способноста да чувствувам. Тоа не се невозможни вештини, се учат и се вежбаат со посветеност. Јас ги гледам како најголем подарок во мојот живот и постојано ги негувам.
Затоа, го споделувам, еве, овој мал простор со вас. Тука ќе ме најдете во повеќе форми кои некогаш биле само импулс кој требал да се материјализира. Мојата награда е изделувањето на тој импулс од мене за подоцна природно да си го најде патот до луѓето. Значи, нема да бидам тука за да давам некакви лекции, туку едноставно за бидам тоа што сум. Доколку тоа што сум допре некој, или направи барем за момент да почувствува нешто (добро), тогаш јас сум навистина среќен човек.
Фала што сте тука,
Моника.