Убавината во секојдневието – тефтерче за големи и мали моменти низ годината
Не секој ден е лесен и не секогаш е едноставно да се пронајде светол момент во секојдневието. Сепак, кога ќе прифатиме дека убавите моменти не мора да бидат грандиозни или посебни – тогаш можеме вистински да погледнеме околу себе и да пронајдеме барем еден момент во денот за кој треба да имаме благодарност. Совршено подготвениот чај наутро, на пример, или пораката од далечен пријател која стигна кога најмногу ви беше потребна, пријатната прошетка на баш идеална температура надвор, или неочекуваното слушање песна од вашето минато на радио.
Ова мало тефтерче нека ви служи за да испишувате во него по еден таков момент во денот низ целата година. никој не очекува да испишете токму 365 моменти. некои денови се тешки, и тоа е во ред. Важното е дека секој нареден носи можност за некоја мала дневна убавина која не треба да се заборави, која е вредна за да биде запишана и на која треба да ѝ се каже ,,благодарам”.