Еве го… Моки планерот за 2025та.🤎 се создаваше со толку внимание, размислување, обидување, и сега е тука за вас – производот што ќе треба добро да ве служи цела една година.
Планерот е повторно едноставен во неговата содржина, но оваа година има неколку додатни страници. Што се однесува до темата- годинава решив тоа да бидат 12 потсетници за славење на животот, па пред секој месец ќе најдете илустрација со еден таков потсетник.
Најважното за планерот е да ви служи, да ве потсетува и да ви помага, без да ви прави никаков притисок, ниеден ден во годината.
Уживајте во пополнувањето!