Sale!

Годишен планер за 2024

Original price was: 1.200,00 ден.Current price is: 600,00 ден.

Планер A5 формат (210мм х 148мм), тефтерче А7 формат (106 x 77мм)
Корица на планер и тефтерче: 300 гр. мат хартија
Водоотпорни стикери со заштитна фолија
Ковертот е изработен од паус хартија
Доаѓа спакуван како на последната фотографија

Оваа година замислив планерот да изгледа како мал хербариум. за секој месец во годината има илустриран цвет кој се води како ,,роденденски цвет”, односно како цвет соодветен на месецот на раѓање, а истите цветови доаѓаат и во форма на стикери во рачно изработено мини-плико.

Како и секоја година, планерот е едноставен, чист и лесен за користење. Внатрешноста се состои од цртеж за месецот кој почнува, голем простор ,,овој месец сакам” и табели за седмиците во месецот.

Што е (можеби) најспецифичното за годинешниот планер? Тоа што со него доаѓа и мало тефтерче кое го нареков ,,Убавината на секојдневието” и служи за секој ден (без притисок) да напишете по еден голем или мал драг момент во денот – можеби дури и незабележлив момент, кој сепак заслужува благодарност.

Се надевам дека ви се допаѓа концептот на годинешниот планер и дека ќе ви биде корисен!

Освен неговата првична намена: планирање и запишување обврски, сакам да направи да се чувствувате добро и неговото користење да ви биде терапија, а не обврска.

Ве прегрнувам и едвај чекам да пакувам за вас.

М.

*Сите цртежи се автентични. секое плико е дизајнирано, сечено и склопено рачно. Ви благодарам што го препознавате и цените трудот во мојата работа.

Shopping Cart
Scroll to Top